Тутунскиот комбинат лани евидентира рекордна добивка
Добивка од 6,8 милиони евра за работењето лани евидентира Тутунскиот комбинат (ТКП). Тоа е над сто отсто повеќе со претходната 2024 година. Добивката се должи на растот на соработката со пртнерската фирма со интернационалната компанија Филип Морис, односно на зголеменото производство на цигари за 35 проценти, економичното и домаќинското работење.
Првиот човек на ТКП, Александар Алексовски, објаснува дека високите финансиски ефекти се плод на рационално менаџирање со средствата со тенденција овој тренд да продолжи.
– Во цигарната фабрика се монтира машина зголемување на производтвото на екстра слим цигарите Марлборо кои се мошне барани. Ќе ја зголемиме продукцијата на цигари за околу 20 отсто – вели Алексовски.
Тој рече дека годинава се откупени поголеми количества тутун од ланската реколта со повисок квалитет, што е солидна основа за добри приходи од извоз на обработен ориентален тутун од типот Прилеп.
– Купени се 2600 тони, што е за 40 отсто повеќе. Најголемиот дел веќе се договорени за извоз – вели Алексовски.
ТКП последниве неколку години не само што е застаната на здрави нозе, туку се трансфорирана во стабилна и просперитетна компанија со силни развојни перспективи.
![]()


