Фудбал: Општински лиги
Завршницата од четвртиот и петтиот ранг на натпревари, таканаречените општински лиги, се одвива на Градскиот стадион “Гоце Делчев”.
Во средата, се сретнаа Стрела Ерековци – Динамо Мажучиште (1:1, на пенали 5:4) во рамките на првото полуфинале од Плејофот за првак на ОФС Прилеп. Вчера, во четвртокот, беше дуелот Кадица Забрчани – Кадино Село, второто полуфинале од тој Плејоф. Така е затоа што претходно, во основниот дел на Општинската А-квалитетна лига, редоследот на табелата е: Кадица Забрчани 37, Стрела Ерековци 31, Динамо Мажучиште 24, Кадино Село 23, Црвена ѕвезда Сенокос 22, Гарван Десово 14, Козара Заполжани 7, Братство Големо Коњари 3.
Во Б-лигата првак е Братство Житоше со 34 бода, пред Прилеп сити со 25. Затоа Братство е нов член на А-лигата, додека за статус ќе биде бараж-дуелот Братство ГК – Прилеп сити, в недела од 17 часот на Градскиот стадион.
![]()


