Девојката одеднаш се фрли врз него. Го стегна со сета сила во својата прегратка и почна неутешно да плаче. Долго време рамениците í се тресеа од липање. Лео молчеше. Трпеливо чекаше да се смири од траумата. Кога се успокои, се оддели од него, се загледа кон океанот, невидлив, но присутен во ноќта.
– Вистина ли мислиш и чувствуваш како тие прекрасни мажи од твојата приказна или само ми раскажа да ме тешиш – го праша тивко.
– Александра, тоа не е приказна, туку е историски факт. Ние, Македонците, изгледаме понекогаш прости, негалантни, неизделкани, ама сме способни за големи дела. Важна е содржината, внатрешноста на човекот, а другото е споредно, сосема неважно.
Александра се исправи изненадена.
– Заврти се околу себе!
Лео почна гласно да се смее:
– Гледам дека не е само твојата содржина добра, туку и содржателот е добар. Ти си убава девојка. И имињата ни се исти. Моево, Лео, е потекнува од Александар.
– И ти би ме зел за жена?
– Би те зел. Ќе ти признаам дека во минативе години често мислев на тебе. Свеста ми се зеде кога те препознав во вашата куќа. Роднините кои те посвоиле, не би се согласиле со нашиот брак, додека интересни млади луѓе се вртат околу тебе и веднаш би паднале на колена.
– Моите посвојни родители ќе се согласат. Ја знаат мојата историја од Трст. Знаат и за тебе. Им кажав за новиот градинар. Се израдуваа. Никој друг не знае што “работев” во Трст. Тие, со години, се трудат да ми помогнат да ги заборавам кошмарите.
– И, од што ќе живееме, ако се земеме. Не можам да издржал да живеам од туѓа милостиња. Работејќи, сигурно нема да ги имаш услови за богат живот во убав и широк дом како кај твоите.
– Не грижи се. Ти би можел да ги довршиш студиите. Работа ќе се најде. Твојата машка гордост нема да има причини да страда од добивање некаква милостиња. И јас изучив нешто да работам со други жени во модна фирма. Немам финансиска потреба, туку само да не седам безделно.
– Ами ако се гнасиш од мене, како од мажите воопшто? Немам оправдани објективни причини да замислам брак без деца…
– Кога мислев на тебе, имав сосема друго чувство од она спрема другите мажи. Кон нив гледав со неутралност, без особено чуство. Ти, за мене не си “тие”. Тоа е сосема различно.
Ноќта минуваше. Разговараа во удобните седишта од автомобилот. Александра повеќепати гласно се смееше. Како сама да си зборува.
– Од Трст до денес, никогаш се сум се насмеаала вака, од срце. Сите кои ме знаат ретко виделе и слушнале понекогаш да се насмеам. Обично, насмевките беа од учтивост.
И се сметна од срцето камен тежок со тони, што како крст го влечкаше со години. Се чувствуваше лесна како птица со рашени крилја. Како да сака да летне во сината небеса над бескрајниот океан, што, засега уште беше скриен во ноќта. Лео ја фати за рака и ја задржа во својата. Александра нагло ја тргна.
– Прости!
– Не е важно, одговори Лео.
Нејзината рака ја побара неговата, ја стегна топло и ја задржа во својата.
Муграта се појави со нејасна пепелеста светлина на ноќниот вршник. Ѕвездите почнаа да бледнеат и да си одат во некој друг свет. На исток се појавија првите знаци од зората. Постепено, како пламнат портокал се појави сонцето. Огромно над водите од океанот.
– Често станувам рано в зори и трчам покрај брегот, рече Александра.
– Зошто сега да не трчаш? Ајде да трчаме заедно до куќана крај брегот и назад – предложи Лео.
– Добро, само да си ги облечам кусите панталони и патиките што секогаш ги носам во куферот од автомобилов – се согласи таа/
Кога се пресоблече, се стрча придружена од Лео. И двајцата се смееа гласно. На сончевиот портокал, како на екран, се појавија нивните затрчани силуети, заедно, со елегантни спортски движења. Весело брзаа кон подобра иднина.
(продолжува)
![]()


