АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Бесплатна објава

Нашите луѓе се добри, некои подобри, а некои најдобри. Злобните не се наши.

*

Ловците во матно се дават во бистро.

*

Сневеселени, развеселете се!

*

Наместо коњи немаме ниту магариња за трка.

*

Држава не се прави со кулиси.

*

Ни буквар ни библија знае, ама владее!?

*

Празните глави не’ потонаа, а тие останаа на површината.

Д-р Хаџи-Васков

Loading