Од двете страни на улицата “Прилепски бранители”, од семафорите до кружниот тек кај Здравствениот дом, засадени се зимзелени, украсни и грмушкести растенија. Засадувањето го спроведе Комуналец, Локалната самоуправа и Витаминка, која е општествено одговорна компанија и прославува 70 години.
Се засадија златна и зелена туја, фотинија, тен-тен, јапонициус, украсна рози и други видови, со што просторот се освежи, се уреди и доби урбан изглед.
Пролетната акција за зелен Прилеп продолжува со засадување на булеварските жардиниери, комплетно уредување и озеленување на цветните улички и други зелени и парковски површини.
![]()

