ТРОТОАРИ, ПА ПАРКИНГ НАД РЕКАТА

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со градоначалникот Дејан Проданоски и претседателот на Советот, Билјана Кржеска, извршија увид на реконструкцијата на тротоарите со плочки, со урбана опрема и зазеленување со фиданки на ул. “Кеј 1. Мај” од раскрсницата со ул. “Димо Наредникот”. За околу 700 метри, се вложени седум милиони денари. Реконструкцијата е поддржана од Министерството за транспорт, во соработка со Светската банка.

– Има уште два проекти, еден е ул. “11 Октомври”, а вториот е генерално забавување на сообраќајот за безбеден град. Одиме со силна поддршка на Прилеп – рече Николоски.

Градоначалниот најави уредување на речното корито.

– Се размислува да се искористи примерот на Штип за паркинг над реката во центарот. Ќе продолжи со поставување на кејски ѕидови, па да се уреди просторот во големото  корито со патеки, блокови за уживање, урбана опрема, катчиња за фитнес… – рече Проданоски.

Тој најави и поставување на дваесетина забавувачи за брзината на возилата, наречени “легнати полицајци”. Размислуваат и за неколку пешачки мостови, ако изнајдат начин без измена на урбанистичкиот план, со што ќе се поврзат одредени делови и ќе им се олесни на пешаците.

Loading