Фудбал: Втора лига
Финишира Втората лига и се нагласува интересот за иднината. Кој клуб ќе биде водечки во прилепскиот фудбал? Неофицијално се спомнуваат три варијанти. Според првата, актуелниот клуб Победа ќе постои и натаму, со повеќе финансиери, компании, донатори, со тренерски и играчки кадар, доволно силен да го освои првото место во третолигашката конкуренција. Според втората, ќе се формира нов клуб, со друго име, бидејќи сегашното нема да има право да го носи, а без долгови и со доволно финансии да обезбеди тренерски и играчки кадар способен за првото место, доколку почне од третолигашкиот ранг. Според третата варијанта, може да се активира претходната Победа, клуб што издржа осумгодишна суспензија од ФИФА, така што би имал право по најкус пат да стигне до Првата лига.
Во актуелната Втора лига, Победа дома со 1:8 загуби од Осогово, а в сабота (16 ч.) дома игра со Тетекс, додека Големо Коњари по поразот 1:0 од Саса во Каменица, в недела (16 ч.) дома игра со Преспа.
Табела: Брегалница Ш. 61, Охрид, Скопје и Шкендија А. 59, Беласица 52, Осогово 50, Детонит 45, Новаци 44, Кожуф 36, Тетекс 33, Саса 32, Вардар Н. 19, Преспа и Слога В. 12, Победа 11, Г. Коњари 7.
![]()

