Дека Прилеп од секогаш имал сенс за новото, за прогрес, покажува фотографијава. Се вишнее деветокатницата, се ѕида цигла по цигла, се курдисуваат станови во околината на судот. Никнала првата повеќекатница! Се мислело на урбанизацијата. За тоа сведочат и канализационите цевки кои се поставувале. Се градело и се подобрувале условите за живот. Граѓаните орни за напредок, полетни, жива сила не ги сопирала. Како што младоста, мајчината љубов í дава сила и крилја, и на оваа млада прилепчанка да поита и на “велиспед”, како што милуваат да го речат прилепчани своето најпопуларно возило и да ја однесе челатта до кај мајка, баба, или пак на гости, на училиште. Ни жештината, ни прашината не í го земаат здивот, ниту видот!
![]()

