Во библиотеката на 4 мај ќе се одржи промоција на монографијата “Кореница”. Тоа е дело на Јасмина Колеска Кузманоска. Промотор ќе биде Емил Димоски, кој ќе се осврни на значењето на публикацијата за зачувување на локалната историја и идентитет.
“Штом сонцето огрее
Кореница со светлина ќе ја облее.
Тогаш денот злати
И на селанецот среќа ќе му прати.
Тогаш детските очиња светкаат,
Малите рачиња леткаат”…
Ова се првите стихови на монографијата, што претставува емотивен и документарен запис за селото Кореница, за жителите, семејствата и спомените. Преку лични сведоштва и сеќавања, Колеска Кузманоска успева да го долови духот на едно време, како и вредностите пренесувани од генерација на генерација.
Промоцијата ќе има хуманитарен карактер.
Јасмина Кулеска Кузманоска, по родители потекнува од Кореница. Затоа ја напиша монографијата за селото, во кое ги минувала викендите во лето додека била мала. Љубовта кон пишаниот збор и вирее од мала возраст, а подоцна се посветува на пишувањето. Издала две поетски збирки. Со песни и прозни текстови е застапена во алманаси во земјата и во странство. Добитник е на признанија, дипломи и награди од областа на поезијата и прозата.
![]()

