Природа, историја и културно наследство

 Езеро Палич

На осум километри од Суботица, речиси на границата на Србија со Унгарија се наоѓа Палиќко езеро. Тоа е значаен туристички центар во Војводина. Посетуван е, бидејќи нуди простор за одмор и релаксација, добри сместувачки капацитети и вкусна храна.

Езерото е од еолско потекло и е најголемо во Србија, создадено по природен пат. Дел е заштитено подрачје, односно паркот на природата Палиќ. Според легендите, езерото се создало од солзите на Павле, кој тука го загубил своето стадо и затоа водата е солена. Друга велат дека езерото се создало од некогашното Панонско море. Како и да е езерото зафаќа 4,6 км2 со просечната длабочина е 1,9 м и три привлечни плажи. Богато е со риба. Во туристичката сезона, температурата на водата се движи меѓу 18 и 25 степени.

Инаку, Палиќ се одликува со умерено континентална клима со околу и просечно има околу 2100 сончеви сати годишно. Низ годините е омилена дестинација за туристите за опуштање и одмор, бидејќи се нудат интересни содржини, особен за оние кои преферираат мирен одмор и уживање во чистиот воздух.

Палиќ има многу содржини не само за возрасни, туку и за деца. Затоа престојот останува во паметење. Се ужива во големата тераса која е најзначаен објект, граден при сецесијата од Унгарија. Архитекти биле Комор и Јакаб.  Позната е како дестинација за бројни конгреси, конференции, изложби и други манифестации. Убав објект е женскиот штанд. Тоа е дрвен објект на вода, кој денес е ресторан. Привлекува и водената кула до влезната капија. Интересен е музичкиот павилјон со секојдневни музички настани. Летниот театар е од 1950 година во средината на големиот парк. Граден е од природен црвен камен од Фрушка гора. Тоа еместо за повеќе фестивали. Неизбежен сегмент е винаријата.  Блиску е и визбата на Звонко Богдан. Најинтересна, особено за децата, е Зоолошката градина  која е дом на 800 животни, распространета на 15 хектари.  Возрасните пак се воодушевуваат на ботаничката градина со збирка на автохтони растенија.

Уживање е природата, цвеќињата, паркот…. Може да се едри по езерските води. Плус е комплекс од отворени и затворени базени.

Локалните специјалитети, особено од риба, се вистинско гурманско задоволство.

Текст и фото Каролина Мицевска

Loading