Фељтон: Томе Велјановски
Младинската средба на сред селото навечер и по божикните празници продолжи со запален оган и весела музика до касно вечер со ора и песни, шеги, приказни помешано со разни смеи изведени од самите присутни.
После половината на месецот февруари четворица омладинци од Марул добија воени покани, позиви за отслужување на воениот рок во ЈНА од две години за после половината на месецот март. Покани добија Јованоски Крстев Трајче (Јанкоски) 1940, Павлески Ванчов (Петрески) 1939, Петрески Ванѓелов Раде (Бабјакоски) 1940, Ристески Цветанов Најденко (Мурџески) 1940, сите ќе заминат во еден ден. Кај Крстевци нема да се испразни, новиот јунак пурденко ја дополнува празнината.
Јанковци (Крстевци) се спрема да прават крштевка за малиот пурденко, сега со име Петре Пецо, дадено името од нункото Митрески Степан (Мурџески од Марул). За на крштевката кај Крстевци беа поканети и присутни Трајчевите другари, регрути Павлески Павле, Петрески Раде и Ристески Нацко. Крштевката беше весела со домашна музика спроведена од свирачите Нацко, Петре и Симон. Крштевката на малиот Петре прва весела крштевка со музика во нашето село Марул.
Свадбите од Мојсоски Благоја Колески и од Ризоски Трајче Бошески
Велигденските пости Прочка, проштачка беа порано према денот Велигден. Две недели пред проштачка, Колевци и Бошевци во еден ден направија свадби, ги венча младоженците Мојсоски Ќирев Благоја, 1935 со Дамјаноска Ристева Слободанка, 1937. Ризоски Колев Трајче Бошески, 1935 со Павлеска Јованчева Спасија, 1939. Брачниве парови се родени и растени во Марул.
Како што планирано коначиите од двете куќи вечерта во четвртоко по традиција помина и ги поканија сите домаќинства во Марул да присуствуваат во неделата на нивните свадбени веселби. Во петокот свештеникот Ванѓел Смилевски од Добрушево поради таа недела повеќе венчавки, се мисли на денот во Бонче, Подмол и Марул, дал предлог да марулските венчавки да бидат извршени во Подмол.
На тој негов предлог, Колевци го прифатија додека Бошевци го одбија со изговор попот руга за услуга зема од Марул и треба да дојди. Колевци во неделата спрегна коњските запрежни коли и отидоја за венчавка на младоженците Благоја и Слободанка во Подмол.
Додека, Бошевци го дочека квечерината, дојде свештеникот Смилевски Ванѓел и в црква ги венча младоженците Бошески Трајче и Спасија. На ова несогласување меѓу Колевци и Бошевци иако стари деленици, остави недоверба меѓусебно.
За Мојсоски Благоја
Нунко непознато;
Голем девер Чучуроски Пецо од Прилеп;
Старосват Симоноски Веле од Ношпал.
Малодеверче Атанасоски Димче од Марул;
Свирачи марулчаните Нацко, Петре и Симон.
За Ризоски Трајче
Нунко непознато;
Старосват Танески Тане Ристески;
Голем девер непознато;
Мало деверче непознато;
5. Свирачи Тоде Кинитапаноски од прилепско Алинци со неговото друштво – помошинците.
Радосна, весела вест
Павлески Ванчо Коле, 1937 вработен во Прилеп со завршен занает мајстор колар стекнат ученички за запрежни коли. Деновиве се пренесе вест да Коле се оженил за девојката Блааг од с. Крстец. Свадба ќе правеле со венчавка во марулската црква, после Велигден.
Јанковци Крстевци направија крштевка за малиот јунак пурденко, сега со име Петре дадено од нункото Митрески Степан Мурџески од Марул. За на крштевката поред другите гости беа присутни и Трајчевите другари регхрути Павлески Павле, Петрески раде, Ристески Нацко. Крштевката беШе весела крштевка со домашна музика подготвена од свирачите Нацко, Петре и Симон. Тоа крштевање на малиот Петре е прва крштевка со музика во Марул.
Према сеќавањето денот беше 22 март 1960г. Четворицата марулски регрути према тогашните воени закони и патните документи ги добиват предвремено за да можат на време да стигнат преку денот на железничката станица во Прилеп. Таа обврска ја имаа средено и марулските воени регрути и обезбедено дрвени куфери со нив.
Утрото некаде до десет саатот направија собир кај трлото од Павлевци – Јоновци. Четвроицата војници Нацко, Павле, раде и Трајче ги товарија куферите на сивиот коњ од Илија Стеваноски Кадијата, коњо водач беше синот на Илија Алексо Кадичето.
Четворицата млади регрути Нацко, Павле, Раде и Трајче се поздравија редум со сите присутни и замина групно за Прилеп за да го фатат патничкиот вој кој иди во 16 часот од Битола, Прилеп за Скопје за да си обезбедат патување према одредените нивни воени единици односно касарни каде што ќе го служат воениот рок.
После заминувањето на четворицата војници во ЈНА, веселбата на сред селоото продолжуваше тонеше, значи Нацковиот пристап има улога за одржување на собирот. Петре брачет му се откажа за тропање на тапан, повеќе се пристапи према овците, истерај, дотерај, замешај, излачи итн.
Симон како да потченуваше да собирот не е толку важен на младината, остана и понатака како машки собир со приказни разни, видни шеги, смеи, ама осиромашен без музика. Симон остана без ортак тапанџија, промени повеќе тапанџии како Благоја Славев од с. Мојно, Танески Спасе, Павлески Гоце, Јолески Блаже од Штавица. Ама квалитетот не беше ист како со Нацко.
Доваѓа денот Прочка – Проштавачка запоставување до седум недели, седмици за Велигден. И овој верски традиционален празник носи радост, се спрема богата вечера. Младината во групи од малаата одат од куќа во куќа се проштават и меѓусебно и си одат дома за вечера. Денот проштачка, Прочка носи радост особено кај малите деца со нивна замисла да ќе го фатат амканото јајце пронижено на конец обесено на фурка – урка кое се врти три пати наоколу главата и се понудува со амкање три пати да се фати со отворена уста. Децата си имат друга замисла ако не милум, силум со рачено, инаку лутење и плачење ќе има.
Нема да заборавиме после вечерата, куќните луѓе земат прошаачка со бакнување рака прво од најстариот член во куќата редум едно лице со друго према староста.
Продолжува
![]()

