Шах
Во Кочани се одржа силен Меѓународен меморијален турнир “Играме шах за Кочани 2026” со учество на 100 шахисти од 5 држави – Македонија, Бугарија, Србија, Црна Гора и Швајцарија. Имаше и прилепчани, а од нив до највисок пласман стигна 17-годишниот Никола Павлески, член на Алкалоид од Скопје. Доживеа два пораза од ИМ Тони Лазов (Македонија) и од ФМ Павле Ќириќ (Србија), одигра две партии реми – со ИМ Атанас Кизов и со ФМ Јани Богоевски (двајцата од Македонија), а забележа пет победи со Јосип Алексовски, Благоја Темков, Горан Војновски, Фазли Шакировски и со Даниел Анѓеловски (сите од Македонија). Така, со освоени 6 поени го зазеде 14. место на конечната табела. На стартот беше рангиран на 22. место.
Победник со 7,5 поени е ИМ Тони Лазов, член на Алкалоид од Скопје.
![]()

