Младост 96 е вицешампион!

Пинг-понг

Заврши Првата женска лига на Македонија. Во последното коло, во Штип, Шампиони ФА (Штип) – Младост 96 (Прилеп) 4:3. Есеноска беше обратно во Прилеп, 4:3 за Младост 96. Бидејќи и двата тима ја завршија сезоната со по еден пораз, за освојување на титулата пресуди сет-количникот, каде што прилепскиот има освоено два сета помалку. Така наместо шампион, Младост 96 е вицешампион. И ова е успех, бидејќи настапи без повредената Стела Цариду, грчка репрезентативка.

Составот на Младост 96 е: Ива Димитриевска, Софија Хасану и Фани Јованоска.

За шампион се бори и машката екипа Младост 96.

Loading