Лесни победи

Ракомет

Прилепските екипи немаа проблеми и постигнаа високи победи во салата на СОУ “Ристе Ристески – Ричко”.

Прво Деспина Прилеп со 31:11 го совлада Шампион Скопје во 22. коло на Првата лига за жени. Најефикасни: Анастасија Јованоска со 8, Маја Ристеска со 6, Весна Христоска и Мери Гичева по 4 гола. Следи гостување кај лидерот Атлетик во Скопје. Табела: Атлетик 36, МРК Ѓорче Петров 26, Овче Поле СУ 24, Деспина 20, Стружанка 18, Јехона 6, Шампион 0.

Потоа Прилеп – Радовиш беше 40:26 во 6. коло на Плејаутот од Супер лигата за мажи. Најефикасни: Денис Шабановиќ со 8, Александар Тренчевски и Ангел Крстески по 5 гола. Следи гостување на Куманово. Табела: Прилеп 32, Е. Пелистер 2 25, Пролет 21, Куманово 17, Струга 9 и Радовиш 0.

Loading