Фудбал: Општински лиги
Се одигра 13. коло од Општинската квалитетна лига. На дербито во Ерековци, Стрела – Кадица 0:3. Тимот од Забрчани се оддели на врвот од табелата. В недела (10 ч.) дома игра со Црвена ѕвезда од Сенокос. Претходно Ц. Ѕвезда дома со 4:1 ја совлада Козара од Заполжани. Други двојки за недела: Братство ГК – Гарван Десово, Кадино – Стрела и Козара – Динамо Мажучиште.
Табела: Кадица 34, Стрела 30, Кадино 25, Црвена ѕвезда 22, Динамо 21, Гарван 14, Козара 7, Братство -3.
Во Б-лигата води Братство Житоше со 31, пред Прилеп сити со 24.
![]()

