Откако ќе заврши законската процедура за уривање, градежни машини ќе ја срамнат со земјата напуштената куќа во центарот кој десетици години претставува срам и ја нарушува урбаната физиономија на градот. Дознаваме дека на последнит сопственик му е врачено решение за уривање на ќуќата од култната сендвичарница Корзо на газдите Родна и Менде и наследниците од пред педесетина година. Објектот што се распаѓа со години наскоро ќе се претвори во пепел, ако сопственикот не ја урне сам. Во спротивно, по минувањето на законските рокови, градежна фирма, избрана на тендер од Општината, ќе му рече збогум на објект, што донеодамна беше засолниште за бездомници. Но, и тие го напуштија, оти условите се далеку од каков и да е покрив над главата.
Според нашиот извор, процедурата треба да заврши за кусо време. Ако сопственикот не го турне објектот и не го собере шутот, Општината ќе расчисти и сметката ќе му ја испрати за наплата на сопственикот.
![]()

