Барокен звучен свет

Во ЦК “Марко Цепенков”

На 7 мај во фоајеето на ЦК “Марко Цепенков”, првпат ќе се одржи концерт на клавичембало – еден од најзначајните инструменти на барокната епоха, кој ја обликувал музичката мисла и изведувачката практика на 17 и 18 век, а е исклучително редок инструмент во Македонија, со само два функционални примероци. Концертот, под наслов “Музиката на европските дворови на 17 век” ќе го изведат Јована Топалов (Србија), меѓународно образована чембалистка од Белград со силна насоченост кон историски информираната изведба, и сопранот Ана Митоска (Македонија), која значаен дел од својот уметнички репертоар го посветува на раната музика.

– Концертната програма води низ европските дворови на 17 век  од Англија, преку Австрија и Франција до Шпанија. Ќе бидат изведени дела од Скарлати, Фробергер, Жаке де ла Гер и Персел, вклучувајќи ги вокалните минијатури “Мусиц фор а Њхиле” и “Њхат Поњер Арт Тхоу” и драмската кантата “Сузана”. Концертот го истражува богатството на барокниот музички израз и звучниот свет на европските дворови. Тој е тематско продолжение на ланската Дулциа Сонант концерти. Звукот на чембалото, за разлика од неговиот наследник пијаното, се создава преку механизам на перца кои со тргање на жиците произведуваат јасен, светкав тон карактеристичен за барокниот музички израз – велат од ЦК.

Концертот претставува редок културен настан за македонската музичка сцена во целина и можност за доживување на барокниот звучен свет – чембало и глас во живо, во историски информирана изведба.

Loading