Во народната медицина ова растение се смета за лек за сé. Ангелика се користи и како лек, и како храна и како зачин поради ароматичниот вкус и мирис. Била главна билка за треска. Се спасувале многу луѓе. Така го добила името ангелска билка. Подоцна настанало името Ангелика, оти според преданијата, ја открил Свети Архангел Михаил.
Коренот е добар за варење, а етеричните масла за поттикнување на апетитот. Билката закрепнува од анорексија и омалаксаност. Помага за менструални и ревматски болки и болести на црниот дроб. Добра е против воспаление на белите дробови и бронхитис. Го спречува и згрутчувањето на крвта, па се препорачува и за лекување тромбоза. Се користи и како средство за смирување и за мирен сон.
Конзумирањето не е препорачливо при бременост и при доењето на бебето.
![]()

