Танц на Зодијак

За светскиот ден на танцот – 29 април

Танцвото студио Зодијак ќе го одбележи 27 – от роденден и ќе даде придонес во одбележувањето на интернационалниот ден на танцот – 29 април со целовечерен концерт на 29 април од 20 часот во големата сала на ЦК “Марко Цепенков”.

Сите учесници од најразлична возраст ќе се претстават со танцов перформанс. Ќе се прочитаат интернационалната порака, напишана од канадската кореографка Кристал Пајт и македонската порака од балерината и истакнатиот солист при МНТ, Зоица Пуровска Велевска. Режијата е на Кире Миладиноски. Како кореографи заеднички се потпишуваат Кире Миладиноски, Бисера Гаралоска и Марта Шаркоска.

Ќе играат, Софија Иваноска, Љубица Ангелеска, Лана Спиркоска, Милана Здравеска, Јована Ангелеска, Јана Чучуроска, Сара Камческа, Сара Иваноска, Исидора Митревска, Анисија Тренеска, Марија Стојаноски, Бисера Тренкоска, Неа Попоска, Марта Шаркоска и Бисера Гаралоска.

Влезот е слободен, но заради безбедност на сите во салата, ќе се сместуваат само лицата со влезници до исполнување на капацитетот. Влезници може да се подигнат три часа пред настанот од билетарницата на ЦК “Марко Цепенков”.

Loading