Скопјанки гостуваат

Ракомет: Прва лига

Претстои 22. коло од Првата лига на Македонија во ракомет за жени, во чија рамка е мечот во салата на СОУ “Ристе Ристески – Ричко” во Прилеп, Деспина – Шампион Скопје. Дуел за нов триумф на прилепската екипа, по последниот со Стружанка, со 25:15. Деспина е квалитетен тим и местото му е меѓу водечките на табелата. Табела: Атлетик 36, МРК Ѓ. Петров 26, Овче Поле СУ 24, Деспина 18, Стружанка 16, Јехона 6, Шампион 0.

Во Плејаутот од Супер лигата за мажи е 6. коло и дуелот Прилеп – Радовиш. Прилеп е водечки на табелата, со 5 бода предност пред битолски Е. Пелистер.

Loading