Победа дома игра со Осогово

Фудбал: Втора лига

В сабота (16 ч.) е 26. коло од Втората лига на Македонија, каде ОФС Прилеп е со два претставника. Екипата Големо Коњари гостува кај Саса, во Каменица. Очекувањето е да се изнуди барем силен отпор, како на претходниот меч. Во неделата Г. Коњари – Новаци 1:2, а голот за домашните го даде Ѓорѓи Стрезовски.

Победа дома игра со Осогово од Кочани. И кај овој ривал има прилепчани – голманот Ѓорѓи Јованоски, играчите Христијан Поп-Антоски, Филип Димоски… И за Победа важи истата задача – да се му се даде што посилен отпор на противникот. Во претходното коло беше доживеан пораз со 5:0, од Шкендија А. во Скопје.

Табела: Брегалница Ш. 58, Охрид, Скопје и Шкендија А. 56, Беласица 49, Осогово 47, Детонит 44, Новаци 43, Кожуф 36, Тетекс 33, Саса 29, Вардар Н. 19, Преспа 12 и Слога В. 12, Победа 11, Г. Коњари 7.

Loading