Фељтон: Томе Велјановски
Василичарите кај Цветко – Цане влегоја само малите деца за да го направат адето цив – пиле и да провика за славата Суро. Додека, возрасните василичари остана во дворот да се веселат со ора и песни. Во дворот василичарите беа почестени од домаќинот Цане со жесток пијалок, топла сливова ракија и вино црвено наречено машко вино.
Децата василичарчињата влегоја, направија цив пиле и провика за славата Суро. Атанас Мурџески е делачот на василичинијот подарок кај Цане. Атанас и Цане се баџанаци, за две први брачеди од браќа Станкоски од прилепско Алинци, Атанасица Славка и Цанејца се Станкоски.
Атанас делачот штотуку се појави со тепсијата в раце од помошната просторија, децата по него, тој излезе надвор на чардакот, почна со делење на колбасите, кој добива дел и заминува во соседната куќа кај Јанкоски Крсте.
Василичарите весели со музиката со ора и песни влегоја кај Крстевци. Василичарите ги пречека стариот домаќин Крсте поради помладиот домаќин Трајче, нов зет остана кај Павлевци заедно со Бошески Трајче за прв пат да гостинуват зетовска гозба. Крсте домаќинот, василичарите ги почести со жесток напиток. Децата со стапчињата во пампурот кршат јаглење и громогласно викат за славата Суро.
Музиката без престанок, се редат ора и песни, куќа весела, во орото е фатена и дваесет и три годишнатата девојка Најденка – Наца. Ете го делачот на василичиниот подарок Јолески Благоја, внук од сестра на Крсте, излезе од кујната со тепсијата в раце, застана на чардако на надворешната врата, децата во ред по него и почна да им дели василичен подарок, колбаси.
Музиката престана василичарите излегуват земат колбавче, се поздравуват меѓу себе, со тоа заврши василичарското шетање во 14.30 часот за годината 14 јануари 1960 во с. Марул. Луѓето си разотидоја дома каде ги чека богат ручек, пржена сланина со колбаси, пивтија, мазник од печени кори посолени со урда, сладок, омекнат, со напивка топла ракија, вино и шира.
Наредниот јануарски ден 15 јануари 1960г. е полугодишниот зимски распуст за учениците, на снегот ќе имат разонода со своите кузаци каде ќе го поминуват времето преку денот. Кај нас во трите маала децата има свои снежни слизгалишта. Во Западното маало Прва бригада слизгалиште има од на брегот од позади на трлото од Павлевци – Јоновци према Поповица Средно маало Втора бригада има три слизгалишта. Прво од кај Ладевци од гумното Димитријоско, а како терто во должина од 400 метри од Градиште до гумното Димитриоско. Се викаше швајцарско слизгалиште каде имаше заеднички натпревар од сите три маала.
Јужното маало Трета бригада има две слизгалишта. Едно од кај белутразите камењето над Крушковци до трлото од Василоски Милан и второто од браздата под Крушковци позади Котески Ќиро до долната бразда. Овие двонеделни денови од школскиот распуст, децата претежно беа на слизгалиштата кои губеа едно јадење во денот, претежно ручекот.
За денот Богојавление – Водици по направените домашно верски адети, народот одат в црква поради свештеникот Ванѓел Смилевски како надлежен на црквата во Марул, Св. Богородица мала ќе има пеание со литургија – причесна. Народ прилично присутен.
Поради народот омрсен од божикните празници нема многу за причестување. Остатокот од причесната свештеникот ја допива во разговор со присутните верници во трпезаријата. Поред разговорот за овци и јагниња дошло до разговор за болниот Котески Илија. Поради е незгодно човек да лежи и се бори со живот, а некој да се весели на сред селото, сите меѓусебно во селото за арно и лошо меѓу себно се познават. Ѓорѓија синот и снаата Ѓорѓица Анѓа се в црква и кажа да ќерките на Илија Писана и Калина се тука, сношти дојдоја со момчињата Душан Дојчиноски и Трајко Писокалецот за да го видат татко му Илија. Како за стреќа и радост, Илија сношти ни побара една чаша црвено вино, само да лизнел, неќел повеќе. Го понудиме, сета ја испи и си легна. Утринава ни побара да му завиткаме една цигара од дробен тутун. Со тоа, се прерадуваме, Бог да му е на помош со денешниот ден Водици, рече син му Ѓорѓија Котески.
Веселбата на сред селото на деновите на Водици беше проследена весело со ора и песни со по некоја пивтија и грне вино.
На Стојаноски Котев Илија првата жена му е Елена Бозгеска од с. Штавица. Во 1914 година им се родило машко дете, го крстиле Стојан, имењак на деда си. Во 1915 година, Илија оди на фронто бугарски војник, кога си дошол во 1918 година Илија, жената Елена Бозгеска била умрена. Малиот Стојан, сираче останал во рацете при бабата Елена и дедото Коте, родителите на Илија. Во 1919 година Илија се преженува за вдовицата Велика Вршкоска од с. Ерековци со која има четири деца. Ѓорѓија 1920, Тоде 1923, Писана 1926, Калина 1928. Илица Велика мајка му на децава подолго време парализирана почина во летото во 1952 година. Елена, мајка му на Илија е од с. Обедник, тогаш каза охридска. Елена, првата жена на Илија родена Бозгеска во Марул под притисок на бегот Амдија Лазески се иселиле во Штавица. Стојан детето од нивниот брак на Илија и Елена Бозгеска, прво и последно, се има удавено во 1922 година во вирот во местото Грамада капејќи се со другарчињата Блаже, Димко, Милан, Ристе, Недан и др.
Стојаноски Котев Тодор без неговите биолошки родители, мајка му е отепана со пушката од сејменот Боше Маркоски, а татко му Коте умира од своја смрт заштитен од маштејата Елена и очувот Коте Чурлин дојден домазет од с. Лопатица, прилепско на местото на умрениот Дамјаноски Коте.
Тодор во Марул се оженува, засега непознато име, му се родува машко дете крстено Грујо. Тодор се иселува фамилијарно во Прилеп. Грујо синот се оженува, непознато името на неговата сопруга, кој во бракот има две деца, Коста и Зора. Грујо, татко му умира, нивната мајка се премажува за Јаковчески Богоја во с. Чумово, нејзиното име засега е непознато. Коста порастува и оди домазет кај Јоновци во Чумово. Негови деца познати се: Илинка, Панда, Миле, Пецо. Коста познат како Котески или Дамјаноски Коста Марулец.
Зимно време, со снег. Стоката е дома натежната на готова храна. Времето одминува, повеќе во разговор за предадениот тутун, неговата печалба, како и дојагнувањето на овците.
Учениците ја започна втората школска настава после распустот од петнаесет дена. Нарамени волнените торбиња одат во групи на училиште со раскажување кој како го поминал тој мал одмор. Црквената камбана тропа, го означува празникот Св. Атанас зимен. Од тој ден, луѓето мислат да половината е замината, се мисли на пролетна работа, на тој ден Св. Атанас зимен е прибогат со верници во чест на празникот Св. Атанас кој на првото вселенско собрание во Никеа во 325 година дошло до конфликт за христовото учење, толкување помеѓу Атанас и ересоневерникот Ариат. Атанас со бастунот го удрил Ариато уште тогаш била изреката, не правете јас што правам, него правете јас што кажувам.
Една радосна вест се прошири во селото, после половината на месецот Сечко кај нашите комшии Јанковци (Крстевци) младата невеста Трајчејца Верка се породила. Бебето пурденко мило машко. Тоа е прво родено дете ова година во нашето село Марул.
Продолжува
![]()

