Обнова во Варош и Лажани 

Фудбал: Иницијатива

Обновата на Варош се случува по 9 години, бидејќи последниот меч е на 26 ноември 2017. Дуелот е Варош – Врбјани 2:0, со головите на Александар Мургоски и Миле Петрески. Мечот е од 13. коло на Општинската квалитетна лига на ОФС Прилеп. За Варош играа: Александар Стојковски, Христијан Мирчески, Дејан Атанасоски, Веле Мартиноски, Дарко Паскоски, Александар Велјаноски (46. Дејан Конески), Христијан Баракоски, Александар Мургоски, Бобан Стојковски (к), Миле Петрески и Михаил Јованоски.

Клубот Слога во Лажани се обновува по 1 година, бидејќи последниот меч е на 18 мај 2025. Дуелот е во Мало Коњари, Влазними јуниор Пресил – Слога 4:6. Головите за Слога: Емир Каришик, Шабан Османоски 2, Адмир Угљанин, Фатон Ибраими и Артин Мејдини. Мечот е од 26.коло на Третата лига – Југ. За Слога играа: Онур Саитоски, Насер Каришик (к), Нермин Каришик, Амер Халиловиќ, Адмир Угљанин, Емир Каришик, Фатон Ибраими, Филип Станојоски, Шабан Османоски, Елдин Зијадиќ (85. Артин Мејдини) и Виктор Стојаноски.

Следните првенства се во август – септември.

Loading