Семејството Темемелески чува споменик дома
– Во 1953 година местото го купиле од Турчин
…Некогаш вриело како во кошница. Во бањата заеднички се делела радоста на различните етникуми во градот. Доаѓале стројни моми. Амамот ги крие во себе тајните за прилепчаните. Се капеле невести пред венчавка, се пееле песни, светкале испотени тела, додека топлата вода ја туркала калта од кожата. Под кубето, во кое облаци пареа ги криеле ликовите, најчесто во одделни делови се миеле мажите, а во други жените и децата…
Повозрасните се сеќаваат на времето кога амамите биле собиралиште, каде особено во саботата се точкале луѓе. Во бањата биле инсталирани специјални системи за греење, преку кои водата се носела, се пренесувала до дворот на амамот, а потоа се загревала да ги “гали” уморните тела, калосани од тутунот. Бањата е изградена пред неколку века, во дворот на куќата на семејството Темемелески. Иако мала, уште зрачи посебен шарм. По многу децении, од сјајот, мирисот на стариот амам, останале само ѕидовите кои ќе се распаднат, доколку не се грижат сопствениците.

– Во 1953 година местово го купивме од Турчин, од оџа. Овде била палатата на бегот. Откако е купена куќата, бањата никој не ја користел. Беше разрушена, а казаните извадени. Продавачите беа стари, а дворот како џунгла. Имаше две порти – една голема и една мала – веллеше стариот Киро Темемелески пред да почине.
Врз старата турска бања близу до старата општина, забот на времето ја покажува моќта. Историскиот објект препуштен е сам на себе, да пропаѓа. Секојдневно амамот се обезличува. Ѕидовите се распаѓаат, таванот пропаѓа, а куполата се урива.
Да се заштити, порано бањата се покривала со цирада, колку- толку да се спаси, што може да се спаси. Ветрот ја туркал и ја отскривал. Газдата купил тополи и ја покрил асолно да ја користи за магацин. Сакал да преземе сериозни зафати за заштита, ама Кошијата се побунил. Дошло до расправија. За среќа се јаиле од музјот да не се турка заштитниот покрив. Така останала “жива” и малку спасена со некаква заштита.
И сега, одвреме навреме доаѓаат од Музеј, гледаат, сликаат, ама ништо не прават. Сé останува така. Наследниците би сакале да се уреди и да се посетува. Некои упатени се интересирале да ја разгледаат. Отворени им се вратите слободно да наѕрат. Особено ги предизвикувала гостите кај домаќинот, кои се вчудоневидувале на необичниот објект во дворот, граден пред 200-300 години.
Семејството Темемелески на чува како фамилијарна реликвија. Не помислува да гради нешто на местото. А за туркање, не им иди на памет. Се очекуваат детални урбанистички решенија. Дотогаш стручнаците од музејот не преземаат ништо, ама барем се интересираат за состојбата на објектот.
Како и да е, амамот е историски белег на градот. Чека подобри времиња. Дотогаш ориенталниот украс на градот во дворот на Темемелевци ја има семејната грижа.
![]()

