Мир, тишина и релаксација

Сребрено езеро, Србија

На два километри од Велија Градишта, во Србија се наоѓа вештачкото  Сребрено езеро. На десната страна од Дунав претставува природен дела сега затворен со две брани.  Езерото е во малата долина е опкружено со ридови. Во близина се истортиски локалитети. Блиску е тврдината Голубац. Таа е интересна, реставрирана градба со бројните кули и поглед до пространството на Дунав и кон Романија. “Мами” изворот Ајдучка вода.

Формата на езеропто е неправилна, споре конфигурацијата на земјиштето. Се протега на 4 км2. Ниско е, на надморска височина од 70 метри. Длабочината му е само осум метри. Плени со со бистрата вода, поради природната филтрација. Богато е со риби. Има амур, крап, сом, штука и др.  Тоа е популарна дестинација за одмор, за релаксација, за риболов. Привлекува посетителите од регионот. Изграден е и хотел за сместување за оние кои сакаат подлолг престој и пргратка со природниот дар не само за викенд. Локалните власти урбанизирале дел за населба со апартмани, кампови… Затоа ги нарекле “српско море”.

Пријатен е престојот. За викенди езерото е “нападнато и окупирано” од бројни посетители, љубители на придата. Врие за викендите не само по околината, туку и по рестораните и кафетериите. Рска музика, “грми” од расположение, веслби и радост. Многумина си дозволуваат да се оттргнат од секојдневните проблеми, “давејќи” се во природаниот раскош. Полни се со луѓе уредените патеки околу езерото. Пловилата водат на прошетки под Дунав. Сите сетила ја чувствуваат убавината и спокојот, особено кога заоѓа сонцето. Магично е како полека слегува во езерската длабочина. Лете е мошне атрактивно, зашто се разладуваат намерници по крабрежјето и уредените плажи.

Иако не е природно, Сребреното езеро е мал рај, погоден за одмор и исполнет со атракции. Се одржуваат повеќе фестивали и спортски натпревари. Деца доаѓаат на летни кампови.

Текст и фото Каролина Мицевска

Loading