И прилепчани на Светско

Ракомет

Започна Светското училишно првенство во ракомет, чиј домаќин е Скопје, од 21 до 29 април. Учествуваат репрезентации од 21 држава. Меѓу нив и Македонија во женска и во машка конкуренција.

И во двете има прилепчани. Во женска конкуренција се три ракометарки: сестрите Ања Лашкоска и Мила Лашкоска (двете од ЖРК Вардар Скопје), како и Марија Димоска (МРК Ѓорче Петров Скопје). Македонија е во групата со Белгија, Грузија и Словачка. Сите мечеви ќе бидат во салата “Крсте Мисирков” – Гази Баба. Во машката репрезентација на Македонија селекторот е прилепчанец, Горан Кузманоски, а од ракометарите само бекот Давор Крстески (член на Пролет Скопје). Овде Македонија е во групата со Бугарија (на стартот совладана со 33:18), со Грузија, Република Српска и Саудиска Арабија.

Право на настап имаат учениците до 18 години.

Loading