Прилепската болница за првпат воведе бесплатен пренатален скрининг за сите трудници. Идните мајки ќе можат навремено и безбедно да направат проценка на ризикот за хромозомски аномалии и малформации, без потреба да одат во други градови и без дополнителни трошоци за приватни лаборатории.
– Скринингот се изведува во првиот триместер (12-14 недела) и во вториот триместер (15-21 недела). Тестот е едноставен и безбеден. Опфаќа крвна анализа и ехо преглед. Се добива проценка на ризик за: Трисомија 21 (Down sindrom), Трисомија 18 (Edwards sindrom), Трисомија 13 (Patau sindrom), Spina bifida и други малформации – информираат од болницата
Во лабораторијата, достапни се анализи на спермограм, витамин Б12, кортизол, инсулин, фолна киселина, витамин Д.
За користење на услугата потребен е само упат од матичен гинеколог или специјалист, а со тоа се овозможува навремена грижа и поголема сигурност за здравјето на мајката и бебето.
![]()

