Со лоши мисли не се пишува добра историја.
*
Кога одвај сврзуваш крај со крај, близу ти е крајот.
*
Кога не сакаш да гризеш, доволна ти е и помијата.
*
Не дозволувајте ампутација на националната гордост.
*
Не успеаја да му го исперат мозокот. Сега се обидуваат да му го заменат.
*
Кој пишува по нарачка ќе биде по нарачка и отпишан.
*
Олошот треба да се спакува и фрли во контејнерот на историјата.
Д-р Хаџи-Васков
![]()

