Фудбал: Трета лига
Екипата Млекар од Мало Коњари изваде 0:0 на гостувањето кај Ултрас, на игралиштето со вештачка трева во Прилеп. Успех е за тимот со 19 бода помалку од домаќинот. Претходно Млекар со 2:0 дома го совлада Младост од Кривогаштани, па в недела (16 ч.) дома има шанси да продолжи со серијата, против Бучин. А Бучин е “тврд орев”, бидејќи претходно со 3:0 го надигра Младост. Дербито, сепак, е во Велес, Превалец – Борец.
Табела: Борец 52, Превалец 49, Венец 43, Ултрас 36, Питу Гули 32, Башкими 27, Росоман 24, Бучин 18, Млекар и Влазними јуниор 17, Младост 15, Тополка 14.
![]()

