Три недели пауза

Ракомет

Точно три недели е првенствената пауза за екипата Деспина, во првенството од Првата лига на Македонија за жени. Така е затоа што последниот меч го одигра на 4 април, дома (сала од СОУ “Ристе Ристески – Ричко”) кога во 20. коло ја совлада Стружанка со 25:15 – најдобри стрелци Матеа Христоска со 6, Мери Гичева со 5, Мери Спиркоска со 4 гола. За тимот предводен од тренерот Зоран Спиркоски претстои пауза, бидејќи екипата е слободна во 21. коло, со оглед на непарниот број (7) екипи учесници. Дури на 25 април е настапот во 22. коло, во кое Деспина дома игра со Шампион од Скопје.

Табела: Атлетик 36, МРК Ѓ. Петров и О. Поле по 24, Деспина 18, Стружанка 14, Јехона 6 и Шампион 0.

Во Плејаутот од Супер лигата за мажи, на дербито, Прилеп – Е. Пелистер 2 (29:26).

Loading