Турчинот Кадер Тураноглу – оператор на дигалка во Бехтел и Енка
Кадер Тураноглу 45-годишен оператор на дигалка од Турција, ја пронајде својата муза за поезија во Прилеп, во втората татковина Македонија. Неговата приказна е сведоштво за неочекувани патувања, длабоки културни врски и моќта на уметноста да ги надмине границите.
Роден е во 1981 година. Целиот ј живот го посветил на работата, патувајќи низ Турција. Патот до Македонија го отворил некој детски пријател, кој добил работа во компанијата Бехтел и Енка. Тураноглу го прифатил предизвикот за првото патување во странство. Тој не само што крева со дикалката огромни товари на градилиштето, за една година во Прилеп, веќе напишал шест песни, од кое една е посветена на Прилеп.




















Кога првпат пристигнал, бил веднаш фасциниран.
– Првин ми оставија впечаток цвеќињата, па урнатата џамија, саат кулата… Бев импресиониран – ја опишува првата средба со градот.
Почувствувал потреба да истражува, оти препознал длабоко вкоренета историја. Со секој изминат ден, растела љубов за Прилеп. Исченувало чувството на туѓост. Сфатил колку се длабоки врските и минато на Турција и Македонија.
Цвеќињата, дрвјата, животните и птиците се дел од неговата инспирација. Операторот на дигалка е поет. Неговата уметност е спонтана и искрена. Така му дошле музите да испее стихови за градот, во кој не се чувствува како гостин.
– Кога нешто ќе ми дојде на ум, ја оставам работата и запишувам. Бидејќи нема вторпат. Така ги ја создал песната за Прилеп на турски, а која неговите пријатели ја превеле – вели тој, нагласувајќи дека уметноста не се продава.
Кажува дека и во Турција творел поезија со длабоко лични, истражувачки теми како смртта, разделбата, љубовта и сиромаштијата.
Посакува да издаде стихозбирка. Иако песните се малку, тој е подготвен да ги сподели со пријателите и публиката, верувајќи дека ќе остави нешто што нема да умре, нешто што ќе ја допре совеста на човештвото.
Покрај недлабоката поврзаност со Прилеп, Кадер носи и тежок товар на носталгија. Семејството, сопругата и двете деца (17 и 15 години) се во Турција. Бидејќи Македонија му се допаѓа, не крие дека би сакал да живеам тука со фамилијата.
– Тешко ми е да зборувам за тоа поради копнежот. Ми се допаѓа градот како мирен, тивок и гостољубив. Пристоен е за живеење – вели Кадер Тураноглу.
Неговата приказната е инспирација за сите кои веруваат во моќта на уметноста, во поврзувањето на културите и во пронаоѓањето на домот на најнеочекувани места.
Пир – Прилеп
Зборот “Пир” на почетокот на Прилеп има посебно значење, бидејќи тој е од селото Пир Султан. Оваа врска со името на градот дополнително ја зацврстува неговата припадност.
ПРИЛЕП
Убави патишта изодев, низ планински венци,
низ широки рамнини низ реки кои што жуборат,
А коњот го врзував крај врби и тополи,
Па конечно го одврзав и дојдов кај тебе, Прилепе.
*
Плоштадот ти е покриен со историска прашина,
џамијата и камбаната стојат рамо до рамо,
толку цивилизации те прегрнале од сите страни,
Го слушнав тоа и, дојдов кај тебе, Прилепе.
*
Се искачив на ридот, и гледав во далечината,
се потпрев на камен и се пронајдов себе си,
размислував долго, и долги векови историја ме изморија,
Со народ и браќа во душа дојдов, Прилепе.
*
Се воодушевив од твоите шарени цвеќиња,
црвени, бели маргаритки и диви лалиња,
тревата во твојата рамнина ми растеше до колена,
И низ тие убави мириси,
дојдов кај тебе, Прилепе.
*
Крај еден овчар малку застанав,
Го поздравив, а тој ми возврати со почит,
И навистина се разбравме,
Па нека е жив јазикот на срцето,
колку е убав човекот,
во овој древен Прилеп.
*
Како туѓинец шетав по чаршијата,
седнав на плоштад и испив една чашка,
И ете јас, Кул Кадир, по трагата на предците што го следев,
и тек ме донесе кај тебе, Прилепе.
![]()

