Игри за млади
Македонија е во меѓународниот систем “Спортски игри за млади”(мал фудбал, одбојка, одбојка на песок, ракомет, кошарка 3х3, тенис, пинг-понг, шах, атлетика – 60 метри и граница – народна), чија завршница е во Сплит (Хрватска), па затоа низ државава се локалните натпревари. Учесници се основните училишта, а почетокот во Прилеп беше означен со мал фудбал. По натпреварите во секое училиште, победниците продолжуваат во следната фаза, каде се добиваат најдобрите од Кривогаштани, Долнени, Прилеп, Крушево и Демир Хисар, Победникот од тие натпревари оди на регионално ниво, каде се вклучени уште Кавадарци, Гевгелија и Струмица. Победникот од овој регионален дел има пласман заедно со најдобрите од уште три региони на Државно првенство, а дури оттаму најдобриот заминува во Сплит.
Патот до Сплит е долг, поради масовноста – во мал фудбал само прилепски се 130 екипи.
![]()

