Фељтон: Томе Велјановски
Во изборот на таа политичка организација биле избрани следните лица: Јанкоски Ѓорчев Ристе за војвода, Јовчески Велјанов Ристе за секретар и благајник, Ристески Митрев Ристе за курир, Петрески Петрев Велјан Бабјак за стражар.
Оваа политичка организација во повеќе села со помош на изроди кои до скоро се тавреле со турски чалми, властите ги разоткриле учесниците и биле осудени на повеќе години затвор. Марулските активисти биле осудени на по две години затоа казната е одлежувале во затворот во Пожаревац.

За време на судењето во Битола, обвинетите Јовчески Велјанов Ристе и Јанкоски Ѓорчев Ристе понижени пред судот како бугарски изроди, Но, двајцата биле ранети како српски војници. Јовчески Велјанов Ристе во 1914 година на планината Цер, еден швапски митралески рафал му ја скршил левата нога под коленото. Додека Јанкоски Ѓорчев Ристе во есента во 1915 година, како српски војник кај градот Видин при судирот во есента во 1915 година со бугарската војска еден бугарски куршум му го разнесе средниот голем прст на десната рака, доживотно останува инвалид без прст. Навреден како Бугарин не се осеќам таков, имам свое. Судијата им одговорил, требало и главите да ви ги скинат. Вие не сте Бугари, него српски изроди.

Поред овие горенаведени четворица осудени, ги има уште тројца осудени поради диспиплинско невнимание.
Гулабоски Новачев Димитрија марулски кмет. Јованоски Ѓорчев Курела за издавање локал. Грујоски Јованов Ѓорче Курела, татко му на Јован се извлекол од одговорноста поради тоа не бил тука, бил на пазар во Битола, преноќевал во анот.
Останатите шестмина се осудени на по две години затвор. Девет месеци одлежале во битолскиот затвор, остатокот од осудата го одлежале во затворот во Пожаревац во Србија.
По излегувањето од пожаревачкиот затвор, марулските затвореници донесле една затворска метална лајца со број 4111 која е зачувана и денес. Исто така, ја донесле и песната Зора, песна пеана од затворските чувари, провокативна, понижувачка песна. Кога оделе со затворениците каде и да било низ пожаревачката околина оваа песна му ја пееле на затворениците. Нашите дедовци често пати ја повторувале за да не се изгуби песнава.
Делачот на василичиниот подарок Алексо Бабјак со тепсијата в раце излезе надвор на чардакот, децата во ред по него, почна да им дели колбаси. Василичарите кој како излегуват, земат колбас и заминуват во соседната куќа, горе на Чајрот кај Јанкоски Ладе.
Јанкоски Ладе секогаш е весел, сака смеа до одредена мера – ниво. Ги пречека во дворот малите василичарчиња и им вели, пампурот е празен, не е запален, да земам огрев. Оди во вурнарницата, носи со него неколку сончогледови стапчиња за да го пали пампурот, се одступија. Ладе им вели, ту стрина ви го запалила пампурот, гори. Навистина пампуро гори со дабови дрва. Децата добија елан, се стрча кај пампурот, го отворија, направија цив пиле и викање за суро со голема радост.
Василичарите кај Ладе пречекани со топла напивка жестока. Свирачите свират, весела куќата. Ладе врти на орото заедно со неговите деца Атанас и Бојана. Се редат ора и песни. Делачот на подарокот василичен е определен, тој е Петрески Ванчо Бабјак, зет на Ладе за брачедата Веселка, прва брачеда од тетка му Дуна по родот Јанкоски. Исто така, за времето во Колективот Јанкоски Ладе и Петрески Ванчо Бабјак беа одговорни за сточниот фонд за овците при СРЗ Велјан Новачески во с. Марул.
Ванчо со тепсијата излезе надвор, се поткачи на летното каменово одморалиште, децата во ред почна да му дели василичен подарок, колбаси. Василичарите како што излегуват, добиват колбавче и ќе заминуват кај Богдановци Јанкоски Драган. Уште не заминати кај Богдановци во дворот кај Ладе направија хумана акција, сите подарија дел од колбасите за осамениот Јанкоски Петре. Ванчо насобраните колбаси му ги однесе на Петре. Петре и Ванчо два пати се рода. Тетинов Петре на ванчовата мајка Јованка, во бракот ја имаше Невена, прва брачеда од тетка на Јованка по Мелезовци од Штавица. Ванчовата жена Веселка на Петре му е внука од прва брачеда од стрико, Дуна Јанкоска.
Василичарите пред сé децата, василичарчињата влегоа први кај Богдановци. Го отворија пампурот, со стапчињата мават на разгорените дрва, летат искри, прават цив пиле. Некои ги бројат насобраните колбаси нанижани на ражените. Сите гласно викат за денот Суро.
Возрасните василичари развеселени од кај Ладе со песни и свирка, влеват кај Богдановци дома, почестени со топла напивка со ракија. Веселбата продолжува. Пристарата баба Богданица Крста, прочуена бајачка од очни заболувања, родена кај Бојмите во Бонче, вдовица од пред осум години кога мажот је Богдан режејќи јасика во Средна Река го потисна греда. Облечена во кожувче без ракави, се гледа во децата, се подсмева и си шепопи по нејзин изговор, нарав доде, доде милите деца и тие знат адети да направа, колбаси да нижат, убави на баба.
Поред веселбата, се појави и делачот на василичиниот подарок, тој е Танески Богоја, рода со Драган преку Бонче богојовите Тантушевци и драгановите Димовци, биле постари деленици. Богоја делачот со тепсијата излезе надвор, се поткачи на дворното каменовото одморалиште, почна да дели колбаси, прво од децата кои земат колбавче и заминуват од кај Јанковци Богдановци кај јанкоски Дончо, брачед прв од стрико на Најденка Богданоска.
Дончо домаќинот е дома, ги пречека василичарите и ги почести со топла сливова ракија во чест за денот Василица. Пампурот зацрвенет, клокоти со дабовите дрва. Децата го отворија вратничето и со стапчињата мават по зајрето, прават цив пиле и гласно викат за славата Суро.
Свирачите се на место, се редат весели ора и песни се додека не беше забележан делачот на василичиниот подарок Јолески Благоја, прв брачед од тетка на домаќинот Дончо, на татко му сестра, кој излезе од куќурето со тепсијата в раце, виден од децата и се стрча во ред. Благоја делачот се поткачи на ѕидчето пред куќарето и почна со делење на василичиниот подарок – колбаси. Децата наредени во ред и заминуват во братовата куќа на Дончо, кај Цветко – Цане Јанкоски, возрасните истото го прават, земат колбавче и весело влегуват кај Цане.
Продолжува
![]()

