“Лидија или сé што знам за жените”

На сцената 105

Утревечер од  20 часот на сцената 105 ќе се изведена претставата “Лидија или сé што знам за жените”. Тоа е експериментална документарна монодрама во развој, според првиот поетски роман од Тихомир Јанчовски. Адаптацијата, режијата и актерска игра е на Игор Трпчески. Музиката на акустична гитара е на Тони Миќевиќ, а тон на Томе Темелкоски

Претставата е мало парче од еден богат и раскошен свет и светоглед. Не трагајќи по форма преку која би бил допадлив, не оптоварувајќи се со книжевни правила и норми, ниту пак водејќи сметка дали создал поетски или епистоларен роман, фикција, метафикција или, како што вели тој – живот, Јанчовски го допира пулсот на современото живеење и успева да сервира дело кое се чита во еден здив. Јазикот е природен и непретенциозен, што читателот се чувствува како да си прави муабет со авторот. Романот се занимава со современи, секојдневни и универзални теми. Не е обременет со тривијалните, исцрпувачки проблеми на нашето секојдневие, ниту со дневна политика. Ова е роман за убавото, за убавината на животот. Авторот не зборува за онаа запустена и тажна Битола која ја знаеме, туку за една убава, сончева Битола која дише и вистински живее. Веднаш да ти се припие кафе на Широк Сокак. Животот како да е овде и сега, едноставен и полн со смисла – забележува во рецензијата Лидија Митоска – Ѓорѓиевска.

Loading