Јаки бели дробови и имунитет

За здравјето и опасноста од заразување се препорачуват храна и зачини добри за дишните патишта и имунолошкиот систем. Со избалансирани калории и лесна храна организмот гради силен имунолошки систем за одбрана од вирусни и бактериски инфекции.

Постои храна богата со Ц витамин, свежо овошје или кратко термички обработено, масти и влакна. Треба да се јадат кромид, лук, праз, магдонос и целер. Кромидот се јаде суров. Сечканиот магдонос или целер добро е да се додаде во супа. Одлични овошја се цитрусите, калинките и сите сезонски плодови. Во исхраната треба да се додаде и маслиново масло, месо во мали количества, риба и јаткасти плодови.

Намирниците треба да бидат лесно сварливи и да создаваат слуз во желудникот и во горните дишни патишта. Пожелни се житарките, мешунките, месото, рибата и зеленчукот, кратко термички обработен, и салати. Се препорачуваат и зачини во исхраната. Пожелни се циметот кој помага за јакнење на белите дробови.

Редовното консумирање го чува организмот од вируси и бактерии и помага во спречување на болести.

Важен е чајот за превентива. Ефикасен е ѓумбирот. Може да се додаде и каранфилче за дезинфекција на грлото и усната шуплина. Добар е портокалот, па и црниот пипер.

Сончевата светлина му помага на телото да произведе витамин Д.

Loading