Дуждовата палата во Венеција
На плоштадот Св. Марко, во Венеција, се наоѓа Дуждевата палата (Палацо Дуцале).Таа е готска градба која плени со својата автентичност, со убавината и богатството што го крие не само надворешно, туку и внатрешно. Палатата ја претставува моќта на некогашната Млетачка република. Низ вековите била седиште на венецијанскиот поглавар. Поврзана е со црквата Св. Марко, а во неа се крунисувале и кралевите, се одржувале погреби и процесии. Интересно е што има три дела, а четвртиот е црквата Св. Марко. Источната страна е непосредно покрај морето. Првата палата била изградена во 9 век, а сегашната датира од 1309 до 1424. Гадена е врз основа на нацрти од 9 век на Филипо Календарио. Џовани и Бартоломео Буон ја конструирале таканаречената Порта дела Карта. Таа е монументална доцноготска порта на Плоштадот. Пожелно е да се дознае историјатаљ на Дуждевата палата. Мерак е и за уживање на очите со прекрасниот ентериер. Да се открие поголемиот дел се потребни два часа. Така се гледа во полн сјај. Долниот дел е отворен. Горните два ката се со остри аркади. Има богати венци и ллисни аркади. Тоа е декор од соништата. Ѕидовите се украсени со камен и има убав визуелен изглед. Била оштетена од пожар во 16 век. Во реновирањето се зачувал оригиналниот готски стил, покрај корекции со малку неокласика, поради влијанието на архитектот Паладио.

Венеција има малку класични елементи како Мостот на воздишките поврзан со затворот. Некогашниот главен влез, а сега излез до црквата Св. Марко е познат како капија на хартија. Тука писарите нуделе услуги на граѓаните. Сега влезот е од страната на морето. Привлекува и пространиот двор. Палатата била резиденција на Дуждот со канцеларии на разни политички инстутуции. На првиот спрат биле правниците, па цензорите и поморските служби. Над нив е големата сала на Советот, жрепната комора и одаите на Дуждот. На третиот спрат е Салата на колегите, украсена со слики, меѓу кои портрети на неколку дуждови. Таму се правеле приеми на амбасадори. Постојата и владини соби како собата на Десетката. Во комората Бусола граѓаните поднесувале жалби и поплаки.

Салата е наречена Сала де Тре Капи. Тука е и канцеларијата на Државниот инквизитор. Палатата е музеј, галерија со богата колекција на предмети кои говорат за бурната историја на Венеција со сали, работни соби, ходници, скали украсени со платна и фреско слики. Најмногу од Тинторето, Веронезе, Тицијан, Басана… Најраскошна е Големата сала на Советот во која се одржувале состаноците на законодавното тело. Огромниот простор е прекриен со слики по ѕидовите и по таваните, особено со протрети на дуждовите. Тука е тинторетовото дело со огромни димензии наречено Рај. Тоа е најголемата слика на платно во светот. Предизвикува и собата наречена Сала дело Скрутинио, со портрети на дуждови и други интересни слики како Лепанто на Андреа Вичентино… Од едната страна е Мостот на воздишките, кој палатата ја поврзувал со затворот. Затворениците минувале низ него и низ камените решетки фрлале последен поглед кон морето, воздивнувајќи за слободниот живот.
Текст и фото: Каролина Мицевска
![]()

