Изложба
Вечерва од 19 ч. во ликовната галерија од ЦК “Марко Цепенков” ќе се отвори изложбата со 30 дела, насловена “Дозимери” од Драган Верговски – Алпи. Делата се работени на картон и на алуминиумски лим со најразлични мотиви, крстови, пејзажи, кочанско поле….
– Циклусот го творев оддеднаш. Како да ја претчуствував големата трагедија. За жал, потоа се случи трагедијата во Кочани. По 20 часа дневно создавав, додека го конзервирав мозаикот од Чемерски – вели Верговски.
Драган Верговски – Алпи е советник конзерватор. Завршил средно уметничко училиште, педагошка академија и Факултет за ликовна уметност во Скопје. Самостојно изложува од 1968 година на акција во Нов Белград. Работи и икони. Низ своето долгогодишно работни искуство, дал придонес за зачувување на македонското културно наследство. Како експерт за конзерваторско- рестравраторските проблеми на мозаичното и штафелајното сликарство, изготвува и реализира проекти во земјава. Располага со значајно искуство во решавањето на конзерваторско рестарваторските проблеми и разновидноста на материјалите во сликарските техники – масло на платно, икони, масло на картон, темперна техника, акрилна техника, комбинирана техника, фрескосликарство, мозаик, објекти и скулптури.
![]()

