Фудбал: Општински лиги
Интересна е битката за првото место во Општинската квалитетна лига на ОФС Прилеп. Кандидати се Кадица (Забрчани) и Стрела (Ерековци). Разликата меѓу нив е само бод. В недела (10 ч.) Кадица дома игра со Гарван (Десово), а Стрела гостува кај Козара во Заполжани. Претходно, Кадино – Кадица 2:2, Стрела – Динамо Мажучиште 0:1. Трет дуел за в недела е Братство (Г. Коњари) – Кадино, а одигран е Динамо – Црвена ѕвезда (Сенокос) 1:0. Остануваат уште три кола.
Табела: Кадица 28, Стрела 27, Ц. Ѕвезда и Кадино 19, Динамо 18, Гарван 14, Козара 7, Братство 0.
Во Општинската Б-лига лидер е Братство (Житоше) со 27 бода, пред Партизан (Обршани) со 21.
![]()

