Живот со пензии од Србија, Германија и Чешка

Стеван Петревски (72) зема пари од три држави

Некои не можат да заработат ниту една, а Стеван Петревски секој месец зема три пензии од три држави. На 72-годишниот сограѓанин секој месец му стасуваат пари од Србија, Германија и Чешка. Работел и во многу други земји (Југославија, Грција, Бугарија, Албанија, Романија, Унгарија, Словачка, Полска, Италија, Холандија, Франција, Австрија…). Македонска пензија нема, а од трите странски, месечно му се собираат близу 600 евра.

Не е лесно да раскаже за животниот пат за да стигне до пензиите.    

– По смртта на Тито, бев невработен. Во весникот Политика прочитав дека се бараат земјоделски инженери, како мене на две места. Конкурирав.  Кај Петровац на Млави, некоја земјоделска задруга ме ангажира и ме постави за управник, оти имав највисока стручност, заврќена виша земјоделска школа во Струмица. Држев и стручни предавања честопати, оти многу беа заинтересирани. Бев и управник и заменик на директорот. Прифатен од сите, како свој. Но, се разделивме, оти некој со педагошка школа дојде и се замеша во земјоделскава струка. Се судри со мене, оти му кажав дека не се потребни педагози, туку агрономи. По 6 месеци се преместив кај Крушевац, во комбинатот АИК, во лозарството, овоштарството. Работев на плантажата со 150 хектари. Беше убаво. На прослава на некој јубилеј, се зближив со луѓето и ги донесов да ја видат Македонија. Дури и директорот. Беа презадоволни. Ме сакаа како свое “дете”, на прославите свиреа и пееја македонски песни. Незаборавно доживување. Паралелно, продолжив да студирам на Земјоделскиот факултет во Чачак. И таму, како секаде убаво бев пречекан со отворени врати. Пет години бев, до завршувањето на факултетот – се сеќава Петревски.

Потоа заминува во Опузен, Хрватска. И оттаму има стаж 6 месеца, ама немал побарано пензија. Ја основал земјоделската задруга “Златен клас” во Прилеп во 1988 година. Немало услови  и заминал во Грција во бурно време. Работел на плантажи 4 месеци, без виза. И заминал Италија, па Германија.

– Оттаму имам три години стаж. Првин во Франкфурт, па трансфер 230 километри подалеку, во Дармштад. Се занимававме со хортикултура, цвеќарство, уредување на базени, ходници, украсувања… Со статус на азилант, морав да напуштам – се навраќа на тоа време Стеван.

Во Чешка работел 16 години, до 2016 година. Се сеќава и на градот Млада Болеслав, на животот во Прага, потоа во Острва, на повеќе места, на занаетот, со живите огради, градините, дворните места, цвеќарството… Поради недоразбирање за одмор за смртта на мака му, заминал по 11 години. Му легнала Ч, ја засакла земјата –  со емоции зборува за народо.

– Кога ќе ме прашаа од каде сум, им одговарав од Македонија. Знаеја за земјата на Александар Македонски. Преубави спомени – кажува Петревски.

Дел од животот го минал надвор од родниот Прилеп. Сега пак ќе оди по седум дена во Крушевац и во Прага.

Loading