Кошарка
Многу спортски екипи заслужуваат соодветна сала за тренинзи и натпревари, па и кошаркарскиот тим Мега баскет. Дека заслужува потврда е последниот меч од Плејофот (Топ 8) фазата на Првата лига, каде прилепскиот состав направи подвиг дома, со 88:74 го совлада кандидатот за повисок ранг, Борец баскет од Велес. Прилепскиот клуб и без соодветни услови покажа квалитет, а што би било да има услови за тренинзи и мечеви? Овде заврши сезоната и претстои одмор.
Табела: Струмица и Соколи 25, Бутел 24, Борец баскет 23, Вардар и Мега баскет 19, Охрид 17, Водно санс 16.
![]()

