Ракомет
Најголемиот христијански празник е причина што има поместување на натпреварите, па така за првенствен меч е одбран вторник, 14 април. Тогаш во салата од СОУ “Ристе Ристески – Ричко” ќе биде дербито од Плејаутот на Супер лигата, Прилеп – Еурофарм Пелистер 2. Домашниот тим со нов триумф ќе покаже дека убедливо е најдобар во оваа група. Претходно Прилеп со 30:29 го совлада Пролет во Скопје.
Табела: Прилеп 28, Еурофарм Пелистер 2 25, Пролет 19, МРК Куманово 13, Струга 7, Радовиш 0.
Женскиот прволигаш Деспина е слободен, по претходниот триумф дома од 25:15 со Стружанка.
![]()

