Фељтон: Томе Велјановски
Стеваноски Живко со татко ми Ванѓел се четврти брачеди, постари деленици. Живко е триесет годишен млад домаќин од пред две и пол години, стана нов домаќин, се дели од очувот Илија Кадијата и се пресели во западната страна на куќата во помалата одаја од некогашниот бег Утоски Амдија, ќориот наречен по прекар. Влезот на одајата е исти трем каде била сместена воената бугарска кујна за време на Првата Светска војна. Василичарите кај Живко се почестени со топол напиток. Децата пред отворениот пампур кршат жарови и гласно викат суро.
Музиката свири, се редат ора и песни наизменично. Домаќините Живко и Живковица Неда Стојева од Рапеш, од визбата го изнесоја василичиниот подарок, една тепсија полна со колабси и му ја подадоја на Танески Богоја. Таневци се стари Гулабоски Светијовани. Богоја откако ја прими тепсијата, застана во тремот, децата настроени во ред и добиват колбавче и заминуват во истата куќа на источната страна на влезот на куќата кај очувот на Живко Анѓелески, Илија Кадијата, роден Малинкоски во Штавица.
Василичарите кај Илија Кадијата влегоја весели со ора и песни. Децата го отворија пампурот, се распадна дабовите жарови, тие мават со стапчињата, летат искри, веселба со големо исмејување, викат за славата Суро.
Возрасните василичари почестени од помладиот домаќин Алексо Кадичето со топла ракија. Во ќошо, седат домаќино дедото Илија и зето Петкоски Алексо од Алинци, прилепско, момчето на паштерката на Илија, Цвета – Цена. Музиката свири, се менуват ора со песни, и обратно. Едно тешко оро го води веселеиот домаќин Илија, со капата в раце и лулето во устата. До него е 22- годишната му ќерка Илина, се игра весело големо оро. Поред веселбата се појави и делачот на василичиниот подарок Јолески Благоја, внук од сестра на домаќинката Илица Дуна. Благоја со тепсијата в раце, полна со колбаси застана на чардакот на надворешната врата, почна да дели, децата во ред оти Благоја е строг, без ред нема колбавче како што добиват колбавче василичарите заминуват во комшивската куќа кај Велкоски Благоја, внук од втора брачеда на Илија Кадијата, по родо од с. Петеле, леринско.
Василичарите кај Велјаноски пречекани и почестени со топла напивка и црвено вино. Пампурот децата го отворија, со стапчињата буричкат внатре, прават цив пиле и гласно викат весело за дневната слава Суро.
Свирачите се на место, се редат ора и песни, куќата весела. Домаќините Благоја и домаќинката Мара Трипуноска Чумовчанка се спремни за василичиниот подарок, делач на василичиниот подарок е Петрески Алексо Бабјак, пријател на Благоја, се гајдаџии, често пати имат заеднички дует со гајдите.
Овде има и една политичка соработка од минатото која ги поврзува овие фамилии. Кога во есента во 1922 година, прилепскиот војвода од илинденскиот период Петре Ацев илегално ја поминал бугарско – српската граница илегално, оснивал револуционерни комитети, непризнати ни од Бугарија, ниту од Србија. На 22 декември 1922 година, Петре Дошол во Марул и оснивал таен комитет за политичка работа при присуство на повеќемина приисутни лица во тогашната Кула на бегот Тефик Утоски која се навоѓала во денешниот двор на Јованоски Алексо и Душан Курелоски.
Продолжува
![]()

