Активот на жените на Здружението на пензионерите пред велигденските празници организира предавање за пчелните производи. Во клубот, пчеларот Зафир Зафироски го запозна членството со богаството на пчелите. Ја објасни здравствената моќ на медот, лековитите својства на прополисот, поленот и цветниот прав, матичниот млеч и восокот. Тој одговори на повеќе прашања. Кажа дека постои апитерапија со природна комора за вдишувањето на воздухот во сандачето со пчели, што е мошне ефикасен.

Им кажа дека постојат инхалатори за терапија на болни од бронхијална астма, бронхитис, алергија на полен… Зафироски упати на можноста за производство на мед.
![]()

