НОВ АСФАЛТ ВО ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА “МЕТАЛЕЦ”

Се доасфалтираат улиците и се градат тротоари во индустриската зона „Металец” за кои општината планира околу 37,4 милиони денари од буџетот. Се подобруваат инфраструктурините услови за 10-тина компании со околу 1.000 вработени. Има најава за отворање на нови капацитети.

– Очекуваме да ги предизвикаме и инвеститорите кои запреле во одредена фаза, а купиле државно земјиште за објекти. Се надеваме дека ќе продолжат – изјави градоначалникот Дејан Проданоски.

Доуредувањето ќе има 3 фази.

– Ќе има промена на атмосферската и фекалната канализација на влезот во индустриската зона. Ќе се поставуваат рамници и улично осветлување – вели Владимир Христоски, раководител на одделение за локални улици и патишта.

ЗА ТРИ ГОДИНИ – ТРИ НОВИ ТРГОВСКИ ЦЕНТРИ

До крајот на мандатот, градоначалникот Дејан Проданоски најави отворање на три трговски центри. За старата хала на Металец во тек е комуникација со УЈП и активности за проценка на конструкцијата.

Loading