Најтешкиот удар за него е – најлесен!

Фудбал: Стефан Наскоски употребува “ножички”

Ниедна работа, ниеден труд, не се попусти, така и во Победа. Сениорскиот тим составен од кадети и младинци пролетва само губи и има примено 39 гола, а дадено само 3, но напорните тренинзи не се без полза. Голот што во саботата го постигна Стефан Наскоски во 42. минута е велемајсторски, со најтешкиот удар – “ножички”. За сите најтежок, ама за Наскоски како да е најлесен, мошне често го употребува, со десната нога.

– Инстинкт, нешто што го имам во мене. Го практикувам одамна, кога бев 9 години во Школата “Талент” од Дарко Димески. Уште таму сите по тие “ножички” ме познаваа. Секоја можност ја користам и на тренинг и на меч. Битното е да се нема никаков страв од паѓање. А цела екипа играме со срце оти имаме поддршка од навивачите – вели Наскоски.

Слога В. – Победа беше 4:2, Г. Коњари – Вардар Н. 0:1, а в сабота (15.30 ч.) претстои Победа – Беласица и Брегалница Ш. – Г. Коњари.

Loading