Монографија за Аче

“Еден музеј на една архитектура” е монографско издание создадено за 111 годишнината од раѓањето на уметникот Ѓорѓи Ачески во рамките на проектот “Времена изложба на дела од Ачески”, “Валоризација на збирката цртежи од музејскиот фонд”, “Аче од гостинските соби” и “Постојана поставка на музејската збирка Ачески Ѓорѓи”, поставена во камерната галерија во Бабанеделино училиште на Заводот и музеј.

– Повеќеслојниот текст не претендира да биде апологија за неговиот избор – да егзистира и созрева како човек и како творец во едно општество, чиј приоритет тогаш било просветителството, ниту стручна проценка на творештвото од Ачески, туку едно пријатно четиво за немиркото Гога од Ачевци и неуморниот и непоколеблив уметник Аче. Темелот е автобиографските ракописи, што Ачески ги предал на МАНУ, за да бидат сведоштво за неговото секојдневие, на серијата статии насловени “Скица за една монографија” од Слободан Рошкоски и бројните написи што новинарите, негови современици ги објавувале во весниците и списанијата, додека тој неуморно ја документирал архитектурата што неизбежно изумира и монографијата од Владимир Величковски и Трајче Крстески. За оформување на уметниковиот профил придонес се разговорите со неговите современици и членовите на потесното семејство. Ова е сторија за чаршиската чколија на младиот бунтовник. За првите печалби во дуќаните, самоизвлечените поуки од долгите муабети со штотуку формираната интелектуална младина во ослободениот град со претежно земјоделско население и усвоените тајни на ликовниот занает, пренесувани од лудите занесеници кои неуморно дискутираат и создаваат во првите уметнички здруженија меѓу двете светски војни. На крајот, се осврнуваме на цртежот како изразен медиум и мотивот, една чудесно убава сиромашна стара архитектура, предадена во реалистично-експресионистички ликовен израз на кој Ачески свесно го посветил целокупното творештво, поставувајќи го во центарот на вниманието домот, семеен, културен или колективен. Цртежите од збирката во камерната галерија во Бабанеделино училиште, се илустратор на согледувањата размислите за суштината на живеењето и творењето. Се донесувааат кратки биографски белешки, каталошки податоци за делата и библиографски единици за третманот на неговиот опус – велат авторките на монографијата  Паре Зареска и Елизабета Дерменкоска – Цефи.

Loading