Корен лекува бели дробови, синуси и смирува кашлица

Ренот е најдобар природен лек за синусите. Има природна силна моќ врз респираторниот тракт. Лутиот вкус и арома ги чистат синусите и дишните патишта.

Го има свеж и камен-тврд. Дома се чува во хартиена кеса во фрижидер дури 6-9 месеци. Рендан не стои долго и ја губи лековитоста. Се ренда и се меша со јаболкова киселина за чување во затворен сад во фрижидерот. Така има неограничен рок.

Се користи суров, бидејќи со варењето се губи лековитоста и вкусот.

Најдобро природно ги лекува синусите. Испарливите соединенија  од ренот спречуваат акумулација и го разредуваат слузот. Олеснува половина лажичка сок од рен наутро и на пладне. Веднаш се прочистуваат синусите.        Ги ублажува симптомите на грип, настинка и тешко дишење. Ситно мелена паста од рен може да се нанесе преку градите. Може да се загрее рендан рен и да се инхалира 5-10 минути.

Лекува хроничен бронхитис и респираторни болести, бидејќи има способност на силно антисептичко и дејство за искашлување и ширење на бронхиите.

Се ренда корен од рен и се додаваат 4 лажички мед. После 30 минути се истиснува сокот добро и се остава на страна. Ренданиот корен се става да се загрее на пареа или на тивок оган заедно со 10 лажици вода. Откако ќе се соедини и ќе испушти сé од себе, се процедува и се остава да се излади. Потоа се цеди и се соединува со суровиот сируп претходно исцеден. Се консумира по една лажица пред оброк, трипати дневно.

Ренот е добар лек за астма.

Loading