Во ликовната галерија од ЦК “Марко Цепенков” отворена е изложбата, насловена “Од Утопија до Ентропија 83/26” од уметникот Златко Крстевски. Делата се пресек на согледувањето и преиспитувањето на пејсажната архитектонска форма како бришење од природните еколошки топоними.
– Ова е мое визуелно согледување на климатски промени како културни. Тие се предизвик за човештвото. Претставуваат фундаментален политички, економски, еколошки и социо-културен предизвик, што ги загрозува сите. Нужно е да се реагира сега, заедно и на поинаков начин. Да се преиспита начинот на кој живееме, што конзумира и да размислиме каков свет сакаме да оставиме за идните поколенија. Преку делата претендирам на развивање на нова свест – вели Крстевски.
Тој е автор и на стрипови, карикатири и мејл-ар дела. Учесник е на сликарски колонии, симпозиуми во земјава и во странство. Добитник е на бројни награди.
![]()

