Со сопствени средства болница за прв пат набави апарат за оптичка кохерентна томографија во очното одделение со што пациентите нема да патуваат во другите градови или плаќаат во приватните клиники. Апаратот е за дијагностика и рано откривање на болестите кои се најчест причинител за појавување на слепило.

- Апаратот е купен со сопствени средства, околу 5 милиони денари. Доста е софистициран и е меѓу најдобрите во Македонија, така да правиме се’ за пациентите да не патуваат во други градови – изјави Кире Јоноски, директор на Општа болница Прилеп.
- Ќе се овозможи прецизна дијагностика на заболувањата на задниот дел од окото. Во поглед на дијагностика за сенилни дегенерации на макулата, дијабетес мелитус, промени од покачен притисок, односно кај глаукомот – рече д-р Дејан Ристески, началник на очното одделение.
Има 4 очни лекари, а во следните 3 години треба да се вратат и уште 4 лекари специјализанти.

![]()

