За актуелните состојби во овчарството, како и за откупот на јагнето, денеска во Прилеп се разговараше на работниот состанок што министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски го имаше со членовите на Сојузот на одгледувачи на овци и претставници на здруженијата од овчарството.

– Досега се откупени и заклани околу 100.000 јагниња, по цена од околу 280 денари за килограм. Откупот продолжува непречено и во наредниот период. На одгледувачите на овци исплатени им се сите субвенции по грло до 2025 година, односно државата исплати над милијарда денари. Продолжуваме посветено да ја раздвижуваме оваа сточарска гранка и да го враќаме овчарството на заслуженото место во секторот – изјави Цветан Трипуновски, министерот за земјоделство.
Сега е шпицот на откупот кој се очекува да продолжи.
![]()

